ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Излезноста на првиот круг од претседателските избори до 13 часот изнесува 25,28 отсто, гласале вкупно 263.121 граѓанин.
Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто.
Во Државната изборна комисија(ДИК) пристигнале 140 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 16 приговори се усвоени, 8 приговори се отфрлени како неуредни, а 9 се одбиени.