ДИК: СДСМ води во 19, ВМРО ДПМНЕ во 2, ДУИ во 9 општини
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2017
ВМРО-ДПМНЕ води во Зрновци и Кавадарци, според првичните резултати објавени на Државната изборна комисија
Од обработени речиси 1.398 од вкупно 1.517 избирачки места, кандидатите на СДСМ водат во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во 9, на Алијансата за Албанците во три, а ДПА во една општина.
СДСМ пак води во Бутел, Гази Баба, Виница, Градско, Демир Капија, Јегуновце, Карбинци, Кисела Вода, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.