17 Мај, 2024
0.0295

Димитриеска-Кочоска: Втор ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт

Објавено во: Економија, Корона Вирус 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финанско работење на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пропаѓањето на Еуростандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар во банкарскиот и финансиски сектор. 

„Се случува ли нов октопод и ТАТ втор дел?  Да бидеме на чисто. Државата во услови на корона криза станува неславен рекордер по две работи: првата, станавме единствената земја која во услови на економска и корона криза ја поскапи цената на струјата, втората работа, станавме единствена држава која во вакви негативни услови за земјава дочекува пропаст на банка. Со ова директно и индиректно засегнати се огромен број на пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата, и бизниси кои ги користеле услугите на банката. Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кои над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош. Со ова на терет на државата во услови на криза се додаваат депозити во износ на 4.4 милијарди денари или околу 70 милиони евра. Дилеми кои се наметнуваат во овој момент се- Што ќе се случи со депозитите на правните и физичките лица? Загрозени се и лицата со станбен кредит“, рече таа. 

Праша што ќе се случува со лицата кои имаат хипотекарен станбен кредит, кои редовно си го исплаќале, дали ќе се активираат хипотеките и ќе се продаваат преку извршител.

„Проблемот треба да се гледа и по систематски, а особено ако знаеме дека во јавноста кружеа информации дека банката имала проблем уште минатата година, дали кризата влијаела и колку влијаела на пропаѓањето, и ако да зошто ништо не е преземено од страна на државата за спас?Но, власта да одговори и дали сега се преземени сите дејствија за спасување на банката? Исто така сето ова ќе ја подгрее недовербата кон банките дали е можна спирално вадење на депозитите од банките и страв од нови банкарски турбуленции. Очигледен факт е дека сето ова ќе предизвика и нестабилност во банкарскиот сектор. Повторувам, пропаѓањето на Еуро Стандард банка преставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар на бизнисот и на над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош“, порача таа.

Народна банка ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка. 


Денес НБМ постапувајќи по Законот за банки, ја укина дозволата на Еуростандард банка.

НБМ утре до надлежниот суд ќе достави предлог за отворање стечај на Еуростандард.

Сите депозити, на 99,4 отсто од физичките лица ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови. 

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи