18 Мај, 2024
0.0297

Димитриевски и Тигањ: Хрватска е голем поддржувач на Северна Македонија во процесот на европска интеграција

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари
средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија Нивес Тигањ.


На средбата, Димитриевски и Тигањ разговараа за односите помеѓу двете земји, но и за можностите и идните потенцијали со цел зајакнување и унапредување на соработката.

Во изјава за медиумите, градоначалникот Димитриевски истакна дека било разговарано на повеќе теми и посочи дека општина Куманово има одлична соработка со претставниците на хрватската заедница коишто живеат во оваа општина.

„Ја информирав амбасадорката дека организираме голем број на културни манифестации кадешто и културно уметнички друштва од Република Хрватска земаат свое учество. Исто така, поразговаравме и на други теми поврзани со економијата и можностите за взаемна соработка. Оценивме дека нивото на соработките се одлични и ќе направиме сè да ги унапредуваме тие односи кои се традиционални. Република Хрватска е голем поддржувач на нашата држава за членство во Европската Унија, таа е реален пријател, и ова пријателство ќе продолжиме да го негуваме“, потенцираше Димитриевски.



Хрватската амбасадорка Тигањ информираше дека за првпат е во посета на Куманово, откако Димитриевски добил уште еден мандат за менаџирање на општината, кадешто му честитала за инзворедната победа и порака која ја испратил на сограѓаните и го запознала со сите активности помеѓу Северна Македонија и Република Хрватска.

Таа истакна дека Хрватска е поддржувач за европскиот пат на Северна Македонија и даваат поддршка во процесот на европска интеграција, конечно добивање на датум и одржување на прва меѓувладина конференција.



„Оваа година, Хрватска и Северна Македонија одбележуваат 30 години од воспоставување дипломатски односи, што ќе биде сјајна прилика да ја продлабочиме соработката, а за тоа постојат големи можности и потенцијали. Не само на државно ниво, туку и на градови и општини“, рече Тигањ.

Тигањ додаде дека Димитриевски детално ја информирал за состојбата во Куманово и импресионирана е од економијата, потенцијалот и плановите за инфраструктурни проекти.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност