06 Мај, 2024
0.0552

Димитриевски: Не ми е местото помеѓу тие луѓе таму, бидејќи тие го уништија тоа мое СДСМ

Објавено во: Македонија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Многумина крвареа за Заев и голем дел од нив денеска се разочарани, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во интервју за Макфакс за поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев. 

Објасни дека верувал во концептот „Едно општество за сите“. 

„Верував во концепт дека немаме еднакво општество за сите, дека нема доволно правда, нема доволно мир во поранешниот систем на Груевски, всушност од моментот кога дојдовме на власт тоа едно општество за сите се трансформираше во едно општество на поединци коишто екстремно ги злоупотребуваа позициите коишто ги добија“, рече Димитриевски.

Тој изјави дека во периодот на локалните избори влегол во една непопуларна кампања, сам против сите, но граѓаните тоа го препознаа и застанаа зад граѓанската иницијатива што победи во Куманово.

На прашањата дали имал понуди за повторен камбек во СДСМ и со кого е скаран, тој посочи дека раздорот е на идеолошка основа и не е скаран со никого, туку едноставно се бори за други вредности.

„Имало обиди и сè уште има особено кои доаѓаат со пораки од носители на високи политички функции да се вратам во редовите на СДСМ. Мене СДСМ ми е тука, но не ми е местото помеѓу тие луѓе таму, бидејќи тие го уништија тоа мое СДСМ. Ние со генерации го создававме наназад и го доведовме на ова дереџе коешто е денеска“, изјави Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека на последните локални избори како тим не ветиле бесплатен автобуски превоз, а денеска Куманово е единствената општина којашто втор месец имплементира таков проект и секојдневно на 26 линии граѓаните се возат целосно бесплатно.

фото принтскрин Макфакс

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?