26 Април, 2024
0.1252

Димитриевски: Стратегијата за бегалците е од програмата на ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Максим Димитриевски, пратеникот од редовите на СДСМ, им порача на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја лажат и манипулираат јавноста за стратегијата за бегалците која е преземена токму од нивната партија.

Тој потсетува дека токму во Отчетот за сработеното од 2015 година, ВМРО-ДПМНЕ предвиделе изградба на прифатни центри за лица со признаено право на азил, здравствена заштита како и граѓаните на РМ, сместување и исхрана. За овие лица ВМРО-ДПМНЕ предвиделе и активни мерки за вработување, стручно усовршување, ктронски здравствени картички, како и рана интеграција на децета од предучилишна возраст. Во планот ВМРО-ДПМНЕ навеле и изградба на 20 станбени единици за лица со признаено право на азил во село Визбегово.

„Во текот на маратонската расправа за смена на Зврлевски колегите од ВМРО-ДПМНЕ манипулираат и спинуваат со “Стратегијата за бегалци”.

Еве за потсетување кој ја донесе таа Стратегија и кој ја изготви новата во 2016г (Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ од 2015г.).

До кога ќе манипулирате со јавноста?

Мако и да е, ние ќе се соочиме подготвени со сите идни предизвици и од овој вид.

Вашата непродуктивна дебата и го троши драгоценото време на државата да се стави во функција на народот и да расчисти со криминалот, тоа одолговлекување нема да амнестира никој!“ напиша Димитриевски на неговиот Фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби