06 Мај, 2024
0.0259

ДИМИТРОВ: Во Букурешт беше најтешкиот ден во мојот живот, но гледаме напред!

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во Атина денеска, прва официјална средбa на шефовите на дипломатијата Никола Димитров и Никос Коѕиас. Нo неколку дена пред средбите, двајцата министри си упатија пораки, кои се позициите на земјите. Коѕиас, порача дека Грција нема да потклекне пред притисоците, и дека потребно е прво решение за името па потоа влез во ЕУ и НАТО. Додека пак, преку Фајненшл тајмс, Димитров порача Грција да размисли каков сосед сака, но и Македонија да размисли каков сосед сака да биде, посочувајќи дека земјата размислува да влезе во ЕУ и НАТО под привременета референца ПЈРМ.

Сепак, и од двете страни  стигнуваат позитивни тонови. Па така, Коѕиас посочувајќи дека нема да има посреќен човек од него ако се реши проблемот со името,  објасни дека денеска со Димитров нема да зборуваат за името, туку тоа е нивна прва официјална средба и ќе се фокусираат на начинот на кој би продолжиле разговорите за развивање на билатералните врски и грчките идеи за нови мерки за градење доверба.

Колку побрзо нашата земја добие покана за членство во НАТО, толку ќе бидат подобри и перспективите на Грција за нејзиниот сосед. Јас сум оптимист и дека можеби набргу ќе добиеме датум за почеток на преговори за интеграција во Европската унија“, вели министерот Никола Димитров во интервју за „То Вима“

Претходно пак, во понедленикот на премиерот Зоран Заев со челните луѓе на ЕУ и НАТО, беа испратени позитивни сигнали.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача дека доколку се најде заедничко решение за името тогаш Македонија ќе добие покана за НАТО. Столтенберг во својата изјава дадена на прес конференцијта со  македонскиот премиер Заев, посочи дека не може да дава предлози за решение за името, но доколку решението е прифатливо и за Грција и за Македонија, тогаш членството во НАТО не е проблем.

Од друга страна, па комесарот за проширување во ЕУ Јоханес Хан, посочи дека и соседите имаат вина за политичката криза во Маакедонија со тоа штто ги блокирале евроинтегративните процеси во Македонија, сепак порача дека се надева оти ЕУ ја научила лекцијата и дека е време за решавање на проблемот.

Премиерот Зоран Заев пак побара поддршка од соседите, особено од Грција.

„Јас очекувам поддршка од граѓаните во Грција преку власта и преку опозицијата, во поглед на решавање на овој проблем. Постојат овде алтернативи, ние се надеваме дека и со привремената референца можеме да станеме членка на НАТО, а притоа продолжуваат разговорите на Република Македонија со Грција за нашиот интегративен процес во ЕУ. Или како што покажа до сега и искуството од Црна Гора, барем со привремената референца да добиеме покана од НАТО во согласност со договорите со Грција, а додека тече ратификацијата во сите 29 членки на НАТО, секако добиваме некои две години дополнително да изнајдеме решение. Сите можни алтернативи за нас се на располагање, секако, зависи и тоа многу од нашиот јужен сосед. Но, ние ќе бидеме само причина повеќе за да се изнајдат позитивни решенија за стабилност на регионот, а секако тоа е највозможно ако меѓу другото и Македонија стане полноправна членка на НАТО Алијансата“, изјави Заев во Брисел.

Вчера пак, министерот Никола Димитров во интервјуто, за грчката телевизија Скај, се наврати и на грчката блокада на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

„Јас бев на Самитот во Букурешт во 2008 година и тоа веројатно беше еден од најтешките денови во мојот живот. Бев и преговарач за надминување на спорот со името со нашите грчки пријатели. Тоа беше голем неуспех за нас. По однос на прашањето дали ветото беше само од Грција или од цел НАТО, во НАТО треба да има консенсуз за примање, а не за непримање. И Судот во Хаг јасно кажа во пресудата дека Грција ја прекршила спогодбата со блокада, но јас сакам да гледам напред“, рече министерот за надворешни работи.

При тоа на прашањето дали намерата на новата влада е да влезе во НАТО со привременото име, Димитров даде позитивен одговор.

„Да, со референцата“, кусо одговори тој.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев