04 Мај, 2024
0.0413

Димковски: Лозарите не треба да стравуваат за откупот

Објавено во: Агробизнис 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство целосно ќе го следи откупот на грозје годинава, ова го најави министерот, Трајан Димковски кој денес го псоети хидро системот „Марена“, Тиквешко.

Министерот им вети на лозарите дека во текот на бербата нема да бидат сами. 

Димковски, посочи дека оваа година квалитетот на грозјето е добар и дека производителите на грозје не треба да се грижат за откуп, според анализите што биле направени се очекувале од 5 до 10 милиони килограми грозје да се понуди повеќе на пазарот, но министерот информираше дека е разговарано со винариите и дека ќе се направат напори и тоа грозје да се откупи.

Исто така, при посетата на хидро системот Димковски рече дека се прифатливи барањата на лозарите, за одредувањето на шеќерните единици да се вклучи и науката преку земјоделскиот  факултет.


Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?