27 Април, 2024
0.0251

Откупот почна, инспекциите ќе пратат како се проценува тутунот

Објавено во: Агробизнис 12 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Нема да се толерира нереалната  проценка на тутунот, дециден е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тој денеска беше во обиколка на откупните пунктови во Прилеп од каде посочи дека не смее да има отстапување од законот и мерилата за откуп. Тутунарите, најави тој, ќе ја имаат поддршката од надлежните. Не сакаме да се повтори ситуацијата од пред неколку години, кога штета имаа само тутунарите преку намалување на откупната цена, додаде Димовски. Реколтата годинава според пресметката на министерството е квалитетна, а родот тежи околу 30 илјади тони и вреди 80 милиони евра. „Тутунот е стратегиска култура и затоа мора да има ред во откупот. Државата си стои на зборот,  субвенција од 60 денари за секој килограм откупен тутун. Но, мора да се откупува според законот и мерилата за откуп, истакна Димовски заканувајќи се дека земјоделскиот инспекторат перманентно ќе ја следи состојбата. Како што информираше Румен Стаменов, директор на земјоделскиот инспекторат, екипите се на терен , заедно со второстепената комисија до која се пријавуваат проблематичните откупи и се бара нова процена. „Имавме и три дена затворен пункт. Досега сме изрекле два платни налога од по 5.000 евра или 10.000 евра за правните лица. Дополнително се казнети одговорните лица. Максимално сме ригорозни и нема да отстапиме“, рече Стаменов. Откупот на тутунот во прилепско започна во текот на вчерашниот ден. Веќе во понеделник, сите откупувачи законски ќе мора да ги отворат пунктовите.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади