28 Април, 2024
0.0258

Димовски: Политиката да остане надвор од земјоделството, за да немаат штета производителите

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Најголема штета од мешање на политиката во тутунопроизводството имаат тутунопроизводителите, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Според него, годинава проценката на тутунот оди согласно законот, а правилата се прифатени  и од производителите и откупувачите. „Политиката треба да остане надвор од земјоделството. Некој што нема појма ниту од производство на краставици, да не ги плетка луѓето на откупувачките пунктови во дезинформирање, шпекулирање и замајување. Од сите тие игри најголема штета ќе имаат производителите на тутн“, рече Димовски кој вчера беше во посета на откупните центри во прилепско, каде откупот на тутунот е веќе започнат. Димовски вели дека годинава откупните компании, ако одредена количина во однос на квалитетот е меѓу втора и трета класа, ја ценат како трета класа. „Не треба да постои сомнение дека Министерството во целост ќе ги штити интересите на тутунарите. Нашата крајна цел е подигнување на просечната откупна цена која моментно е 10 отсто пониска од овој период лани. Сакаме да се задржи или, уште подобро, да се забрза динамиката на откуп, да се зголеми просечната откупна цена и откупот да се врши регуларно, без тензии и нервози, како претходните години“,истакна Димовски. Засега нема проценки колкава ќе биде просечна цена за откуп на тутунот. Минатата година, килограм тутун во просек се откупуваше по 180 денари. Како што информираа од министерството, годинава се договорени 35 милиони килограми за откуп, додека производството се проценува на 30 милиони килограми. Според проценките, реколтата вреди околу 80 милиони евра. Најдоцна до утре, сите комании треба да ги отворат пунктовите и да почнат со откуп на тутун.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади