Димовски: Претседателoт на Комисијата треба да биде од пратеничката група со најмногу мандати
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски по координативната средба рече дека било пракса претседател на Комисијата за избори и именување да биде од пратеничката група која освоила најмногу мандати.
Димовски вели дека тие се подготвени ако има договор уште утре да ги тераат процедурите на Собранието.
„Ако опстојат на одлука да формираат некакво мнозинство и некаква влада без ВМРО-ДПМНЕ треба да се свесни дека тоа носи последици. Следните чекори ќе бидат во насока на зачувување на нацоналните интереси. Доколку некој мисли дека може на сила да постапува треба да е свесен за последиците“ - категоричен е Димовски.
Тој не објасни какви последици би можело да има.
Претходно Оливер Спасовски од СДСМ ги обвини дека ВМРО-ДПМНЕ прават опструкции.