06 Мај, 2024
0.0223

Димовски: Субрата Рој ја уплати банкарската гаранција за Џумајлија

Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Индиецот Рој веќе ја уплати банкарската гаранција за  Џумајлија. Министерот Димовски информираше дека вкупната инвестиција што се планира е 200 милиони евра. „Ние ја поддржување секоја инвестиција која ќе придонесе за развој на земјоделството. Компанијата ја уплати банкарската гаранција, со која ќе треба да се гарантира почетокот на инвестицијата. Нашиот интерес го гледаме во отворањето на нови работни места и развој на сточарството. Уште утре лица од МЗШВ ќе излезат на терен за да се започне процедура за давање во владение на земјиштето. Господинот Рој најави дека тој ќе најмни своја геодетска компанија од Индија. Според тендерската документација на површината од над 5.000 ќе се произведува добиточна храна, и во следните три години се очекува производство во висина од 75.000 тони. Во првите 18 месеци закупецот има обврска да донесе 8.000 крави, а за три години 20.000 крави. Производството на млеко треба да изнесува 80.000 литри дневно, и сметам дека тоа е изводливо. На почетокот да вработи 900 луѓе а за три години 2.000. Вкупната инвестиција е 200 милиони евра, и тоа во првите 18 месеци 60 милиони евра,од 18-от до 20-от месец 70 милиони евра и од 27-от до 36 -от месец 70милиони евра"- изјави Љупчо Димовски министер за земјоделство.