18 Мај, 2024
0.0335

ДИРЕКТНО ОД СКОПЈЕ ДО СПЛИТ НА 12. МАЈ: Кроација ерлајнс ќе лета два пати неделно

Објавено во: Македонија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Она што беше истакнато на презентацијата беше воведувањето на сезонски летови на новата авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник Croatia Airlines директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона.  

Како што ТАВ Македонија и Кроација ерлајнс заедно најави претходно годинава, првиот лет на оваа нова авиолинија ќе биде на 12 мај и истата ќе сообраќа до средината на октомври 2023 година. Croatia Airlines ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација.  

Авионот на Croatia Airlines ќе полетува од Меѓународниот Аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на Croatia Airlines (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација. 

Јадранското Море и хрватското крајбрежје отсекогаш биле атрактивни дестинации за одмор за македонските граѓани, кои и покрај долгото патување (повеќе од 12 часасо автомобил), избирале таму да летуваат, па затоа, од ТАВ Македонија сметаат дека со воведувањето на оваа нова авиолинија, не само што патувањето ќе се скрати на само еден час и ќе го направи хрватското крајбрежје многу подостапно за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје, туку ќе овозможи и хрватските граѓани од Сплитскиот регион да ја посетат нашата земја.

Дополнително, од ТАВ изјавуваат дека се среќни што авиокомпанијата Croatia Airlinesго препознала потенцијалот и донела одлука да ја воведе оваа директна воздушна конекција меѓу Скопје и Сплит, која што се надеваат дека следните години ќе стане редовна, традиционална дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во текот на овогодинешната туристичка сезона, Croatia Airlines планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (односно, 25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на Croatia Airlines.

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го заврши првиот квартал од 2023 година, јануари – март, со речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41% во однос на истиот период во 2022 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39%.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци