18 Мај, 2024
0.0343

ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СЕ ПОЖАЛИ - околу 80 отсто од повиците кои дневно ги добиваме на 112 се лажни или злонамерни

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше недоволно функционален, денеска успеавме многу работи да промениме на подобро, иако е потребно негово континуирано унапредување, истакна директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.

– Направивме раководен тим кој имаше идеја како понатаму да го води ЦУК во насока на отстранување на затекнатите и детектирани слабости и нивно надминување. Единствен ресурс кој го имаме е човекот, затоа две години подоцна можам да кажам дека во ЦУК има извонредни професионалци со одлично образование и искуство, бидејќи кога дојдовме со заменикот затекнавме несоодветна распореденост на работни места, луѓе без соодветно образование. Кога дојдовме на позиција со заменикот Екрем Зендели, ЦУК не беше препознат во јавноста и јавноста многу малку знаеше за него, изјави Ангелов.

Тој информира дека за две години биле или наскоро ќе бидат унапредени вкупно 92 лица.

– Исто така, успеавме да реновираме 12 подрачни канцеларии на ЦУК, воедно моментно работиме на формирање за центар за обука и во овој момент една поранешна воена амбуланта која е дел од касарната во Куманово, која беше комплетно руинирана, благодарение на донација од 520.000 евра на Американската амбасада се работи на целосно реновирање. Ќе добиеме илјада квадратни метри на три ката и очекуваме до март овој објект да биде целосно реконструиран и во него ќе биде сместено одделението на ЦУК во Куманово, истакна тој.

Во однос на секторот на бројот за итни повици – 112, Ангелов рече дека вработиле 50 лица, а граѓаните биле задоволни од услугата. Тој оцени дека секторот 112 функционира одлично и информира дека прима околу 1.500 повици дневно.

– За жал 80 отсто од овие повици се лажни, некои се злонамерни – помалиот дел, а другиот се ненамерни и погрешни, луѓето бараат други видови на услуги, но и во тој случај ги пренасочуваме граѓаните. На овој начин ги растоваруваме останатите служби, како полицијата и итната медицинска помош, заклучи Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност