Дизелот го скрати животот во градовите, најлошо во Букурешт
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2013
Главниот град на Романија Букурешт во конкуренција од 25 европски градови е прогласен за градот каде животниот век кај луѓето е најмногу намален како резултат на загадувањето на воздухот.
Анкетата покажува дека загадувањето на воздухот е толку големо што сериозно влијае врз здравјето на жителите и може да предизвика срцеви и белодробни заболувања, со што секрати животниот век.Истражувања, кои биле вршени во период од 15 години, покажале дека жителите на еден град, како што е на пример Париз, можат да загубат меѓу три и седум месеци од својот живот поради загадениот воздух.
Во Букурешт, пак, намалувањето на животниот век е најголемо и може да достигне 22 месеца. Како главна причина за загадувањето е густиот сообраќај пред се од автомобилите кои користат дизел гориво.