19 Мај, 2024
0.1589

ДКСК иницира постапки за одговорност за ангажманите на водителката Бесмира

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупција иницира постапка за одговорност на лицата од општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и Државното правобранителство за ангажирање на водителката Бесмира Ејупи, која требаше да биде конзул во Њујорк но Министерството за надворешни работи се откажа од намерата откако информацијата излезе во јавност.

Претходдно медиумите објавија дека за нецела година на сметката на Ејупи од договори за дело и легнале околу 12 илјади евра преку 39 трансакции.

Иницијативата на ДСКС е поднесена до Јавното обвинителство за покренување постапки за гонење на одговорните лица на општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и Државното правобранителство, за склучените договори за дело со новинарката  Ејупи.

Од добиените документи, рече Катица Николовска член на ДКСК која на денешната седница го образложи предметот, се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има два договора од март 2021 и се уште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение на општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработео едно лице. Карактеристично, според Николовска, е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користи еден терк за секој месечен извештај.Во Државното правобранителство и општините Сарај и Чаир не бил исполнет услов на ваков начин да биде вработено лице, бидејќи, како што рече, за сите тие работни задачи кои се исполнуваат на одредено работно место веќе се ангажрани лица.

Законски, додаде таа, институциите не можат да ангажираат лица за физичка или интелектуална работа врз основа на договор на дело повеќе од 1 посто од број на вработени во претходна година односно повеќе од три лица во институции каде вкупниот број вработени лица е помал од 300 лица, а работата врз основа на договорот да не трае подолго од 24 месеци. Но, додаде таа, има и исклучок од ова решение, кој предвидува со согласност од Министерството за финансии да може да се ангажираат лица над утврдениот процент и со подолго траење од предвиденото, што, нагласи, остава можност за злоупотреби.



Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична