30 Април, 2024
0.0254

Дневна анализа на Форекс – Цената на нафтата порасна, поттикната од можниот договор во Америка

Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Вчера попладне лидерот на мнозинството во Сенатот Хари Рид рече дека политичарите се поблиску до договор, иако не се објавени детали за евентуален договор. За време на азиското тргување, еврото беше непроменето во однос на доларот. Британската фунта продолжи да се врти во однос на доларот со нагорен тренд. Поради недостаток на фундаменти од Велика Британија во текот на претходниот ден GBP / USD флуктуираше главно под влијание на движењето на американската валута. Цените на американските акции пораснале во текот на вчерашниот ден поттикнати од оптимизмот дека во Америка наскоро ке биде постигнат договор околу подигањето на горната граница на долгот. По малиот раст во текот на вчерашниот ден, повторно цената на златото се насочила кон пад откако инвеститорите почнале да ги затвораат профитабилните позиции. Цената на суровата нафта порасна истотака потикната од оптимизмот за можен договор во Америка. Целата анализа прочитајте ја на следниот линк.