05 Мај, 2024
0.0217

Дневна анализа на Форекс EUR/USD

Објавено во: Анализа 30 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Еврoто во петокот се приближи на седум месечно највисоко ниво во однос на доларот, иако неизвесната ситуација околу договор за буџетот во САД имаше негативно влијание врз американската валута. Владата на Соединетите Американски Држави за прв пат во седумнаесет години се соочува со пад, по неуспешните преговори за буџетот за време на викендот. Иако републиканците и демократите не сакаат пад на владата, ни една партија не е подготвена за компромис. Додека Конгресот сака да ја одложи здравствена заштита на законот на Обама за една година и да воведат некои промени во постојната законска регулатива, демократите велат дека нема да го дозволат тоа. Ако до крајот на денот не се постигне договор, повеќе од 800.000 вработени во јавниот сектор ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Оваа недела еврото се отвори со негативен јаз во однос на доларот и корекција продолжија и во Азиското тргување така што валутниот пар ЕУР / УСД опадна за 0,27%.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад