05 Мај, 2024
0.0243

До 2030 година Велика Британија ќе биде најголема европска економија

Објавено во: Анализа 28 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Најмоќниот катализатор на економскиот раст на Островот е прирастот на населението, според економистите. До 2030 година Велика Британија може да ја стигне Германија и да стане најголема економија во Европа, предвидува Центарот за економски и бизнис истражувања (Centre for Economic and Business Research - CEBR), пишува ВВС. Најмоќниот катализатор на економскиот раст на Островот е прирастот на населението, посочуваат економистите. Помалата зависност од другите европски економии, како и релативно ниските даноци спрема европските стандарди, исто така, ќе помогнат во економската експанзија, се наведува во извештајот на институтот. Што се однесува до Германија, CEBR наведува дека "ако еврозоната се распадне, изгледите пред земјата ќе се подобри". Претходно овој месец Центарот предвидува дека економијата на Велика Британија во 2014 година ќе ја надмине кризата. CEBR очекува исто така кон 2028 година Кина да ги надмине САД и да стане водечка светска економија. За Франција пак институтот предвидува дека ќе е една од најлошите перформанси економии во Европа поради одложениот раст, одржан назад од даночниот товар и општите проблеми на економиите од еврозоната.   K.K.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад