29 Април, 2024
0.0297

ДО 4.000 ДЕНАРИ ЗА ВЕЛОСИПЕД И ДО 8.000 ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ - град Скопје ги објави јавните повици за субвенции

Објавено во: Македонија 26 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Град Скопје денеска објави Јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година.

„Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот“, пишува во соопштението од градот.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30 отсто од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Подетални информации за условите, начинот на пријавување на јавниот повик, начинот на спроведување на Јавниот повик и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да ги најдат на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Покрај информациите, граѓаните ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/ да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава која треба да се завери на нотар.

Јавните повици и сите потребни документи сите заинтересирани можат да ги најдат и преземат на следниот линк –

https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/

Јавните повици ќе траат заклучно со 01.11.2022 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

За повеќе информации во врска со јавните повици, заинтересираните граѓани може да се обратат во Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје на телефонскиот број 02/3297- 303, како и на бројот 02/3207 548.

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево