17 Мај, 2024
0.0264

До кога ќе издржува буџетот: За пензии годинава над милијарда евра, во јули ново зголемување на пензиите

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Додека се прават некои новини во можностите за пензионирање, а и други се во најава, пензискиот фонд годината ја почнува со буџет во кој вкупните расходи се над 1,3 милијарди евра. Од сите овие пари за пензии треба да се потрошат милијарда и 20 милиони евра. И оваа година сепак, придонесите на вработените не се доволни за покривање на пензиите на постарата популација, па Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе чека на буџетската поддршка. Од вкупните приходи кои изнесуваат исто како и расходите над 1,3 милијарди евра – дури 520 милиони евра се пари од буџетот. Изворните приходи на фондот се речиси 762 милиони евра. Останатите приходи се тие од акцизи, дивиденди, продажба на удели. Во јули годинава инаку ќе има уште едно законско усогласување и раст на пензиите за 1,7 проценти.

ПАНДЕМИЈАТА ГИ НАМАЛИ ИЗВОРНИТЕ ПРИХОДИ

За повеќе од десет години изворните приходи на ФПИОМ се намалиле за доста. Имено ако во 2018 година тие биле над 62 отсто од вкупните приходи, сега во 2021 година се само 58 отсто. Намалуавњето се смета дека е резултат на намалувањето на пензискиот придонес. Тогаш тој изнесувал 21, 2 проценти, во 2021 година е 18,8 отсто. Во буџетот на фондот за годинава стои дека изворните приходи ќе биле поголеми ако немало пандемија, оти така ќе пораснеле повеќе и платите, а и бројот на вработени. Плановите за оваа година се правени на претпоставка за раст на платите од 2,9 процент и пораст на вработеноста од 2,4 проценти.

РАСТЕ ЗАВИСНОСТА ОД БУЏЕТОТ

Од вкупно 520 милиони евра колку годинава кон ПИОМ ќе се исплатат од буџетот на државата, 4,9 милиони едвра се за покривање на поповолните пензии, воените и минималните земјоделски пензии. За директно покривање на дефицтот се 320,2 милиони евра, додека за покривање на транзициони трошоци се планирани се 142 милиони евра. Останатите 8,3 милиони евра се трансфер од Министерството за одбрана.

А зголемувањето на зависноста на Фондот од буџетот од година в година се смета за клучен проблем. Меѓународните институции во неколку наврати сугерираа на зголемување на старосната граница за пензионирање но и за зголемување на пензискиот придонес, за да може да се амортизира дупката и да се зголемат изворните приходи на Фондот.

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ

Владата засега не планира ваков потег, а во моментот во процедура се законските измени за задолжително пензионирање на 64 години. Со овие измени со кои се укинува можноста за продолжување на работниот век до 67 години како досега, жените секако ќе имаат можност да одат во пензија и на 62 години. Со законот беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Законот е блокиран во Собрание, откако опозицијата поднесе 500 амандмани. 

Во програмата на Владата стоеше и можност за откуп на стаж, но тоа засега се одложува.

Годинава борјот на пензионери ќе се зголеми за 1,8 прценти или ќе има 5.938 нови корисници. Во 2021 година ќе има 335.810 корисници на пензија. Вкупната просечна пензија треба да достигне во декември 2021 година 15.820 денари.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА