До последно ВМРО ДПМНЕ против укинување на екстерното тестирање
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2017
Првите чекори кои ги најавува идната Влада не се проекти или решенија со кои би се подобрил квалитетот на веќе отпочнатите процеси, туку блокади и укинување“, реагира Спиро Ристовски на најавите на идната Влада дека екстерното тестирање ќе замине во историјата.
„Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење кое се применува во сите европски земји. Укинувањето што СДС го предлага е само популистичко додворување на дел од родителите и учениците и нивна злоупотреба заради политички поени. Со ова укинување СДС само ќе им направи контра услуга на среден и долг рок, бидејќи го враќа повторно на мала врата образовниот процес од времето на транзицијата кога оценките не беа одраз на знаење, туку резултат на притисоци врз наставниците, влијанија од страна на родителите и спуштање на критериумите кои потоа ќе се одразат на пазарот на трудот“, вели Ристовски.
Спиро потенцира дека овие измени ќе предизвикаат риза на вистинските вредности и смета дека децата ќе бидат изедначени по оценки и нема да се вреднуваат трудот и квалитетот.