27 Април, 2024
0.0267

До работа во Германија преку Фејсбук

Објавено во: Финансии 07 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

До работа во Германија преку Фејсбук? Звучи како евтин слоган на некоја агенција.

Навистина, оваа социјална мрежа на многумина од просторот на екс Југославија им помага да се вработат, но истовремено е засолниште на разни измамници.

Уште пред неколку месеци Даниел Хорват возел меѓународни автобуски линии, од Загреб па каде да треба, најчесто до Франкфурт. Зад воланот седел и по дваесет часа без пауза, годишниот одмор му бил научна фантастика, а платата минимална плус дневница. „Од оние сум кои ќе речат дека парите се најмал проблем. Проблем е се друго кај нас. Ако сакаш да работиш и заработиш добри пари, не можеш да имаш живот. Не се почитуваат прописите и законите.“

Во оној момент кога одлучив да кренам раце од се кај нас, кога видов дека таму нема смисла, а дека можам и подобро и повеќе почнав на овие групи на Фејсбук да огласувам и да барам работа“, раскажува овој 29-годишник за DW, пренесува б92. „Се што дознав за заминувањето во Германија е преку тие социјални мрежи“.

Овие групи се викаат „РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА-ПОМОШ-ИНФОРМАЦИИ“,Одиме во Германија-народна група, „Работа и стан во Германија“ и имаат до 50 000 членови. Принципот е едноставен-секој член на групата може да праша или одговори на она што другите го прашуваат, а има врска со вработување, студирање, средување документи или за секојдневниот живот во Германија.

Тоа е место на средба на луѓе кои очајнички сакаат да го напуштат просторот на екс Југославија и оние кои во тоа веќе успеале. Админите на групите предупредуваат да се воздржите од навреди, посебно на национална основа. Така, еден од основачите на групата пишува: „Овде сме сите со иста мака која на натера, затоа да бидеме сложни и да си помогнеме едни на други за подобро утро“.

Може да се сретнат разни огласи во кои се нуди работа, а повеќе за оваа тема може да прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат