29 Април, 2024
0.0249

ДОАЃА ЦЕЛОСНА РЕЦЕСИЈА, поранешен вработен во ФЕД тврди дека ќе трае цела година

Објавено во: Финансии, Свет 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Мерките на Федералните резерви на САД (ФЕД) против инфлацијата на крајот ќе го убие економското закрепнување од Ковид-19, предупредува поранешниот функционер на ФЕД, Бил Дадли.

Проблемот е што Банката на федерални резерви започна со мерките да ја скроти инфлацијата доцна, оставајќи ѝ на централната банка мал избор освен да ја сопира економијата со драстично зголемување на каматните стапки, укажува Дадли.

- Речиси сигурно ќе има целосна рецесија. Ако сè уште не сме во рецесија, мислам дека ќе бидеме во следните 12 месеци - изјави Дадли, поранешен претседател на Њујоршката централна банка, за Си-Ен-Ен.

Стравувањата од рецесија се зголемија откако владините статистики минатата недела покажаа дека американската економија се намали во пролетта, втор квартал по ред.

Иако Дадли признава дека американската економија е очигледно забавена, тој не верува дека таа е доволно ослабена за да се квалификува како рецесија - барем не сè уште. Тој посочи на „пресилниот“ раст на платите и фабричката активност.

- Тоа не е доволно широко или длабоко. Она што го видовме до денес не е доволно само по себе за да биде рецесија - рече Дадли за забавувањето. 

Стапката на невработеност останува на 3,6 отсто, блиску до најниските нивоа во изминатиот половина век.

Меѓутоа, ако економијата продолжи да слабее подоцна оваа година, Дадли рече дека е можно Националното биро за економски истражувања, официјалниот арбитер на рецесиите, да утврди дека рецесијата навистина започнала на почетокот на оваа година.

Претставниците на Федералните резерви инсистираат дека сè уште можат да го постигнат таканареченото меко приземјување - припитомување на инфлацијата без да предизвикаат рецесија.

И покрај серијата зголемувања на каматните стапки, пазарот на работни места продолжува да расте стабилно, со нешто побавно темпо.

- Сметаме дека постои пат за да можеме да ја намалиме инфлацијата додека одржуваме силен пазар на труд - рече претседателот на Федералните резерви Џером Пауел за време на прес-конференција минатата недела.

Сепак, Пауел призна дека задачата станала посложена.

- Знаеме дека патот е јасно стеснет, навистина врз основа на настани кои се надвор од наша контрола - рече тој. 

Банката на федерални резерви предводени од Пауел ги зголеми каматните стапки минатата недела за три четвртини од процентниот поен на својот втор последователен состанок.

Дадли рече дека предизвикот за Банката на федерални резерви делумно се должи на нивните лоши прогнози: централната банка не почна да ги зголемува каматните стапки додека инфлацијата веќе беше многу висока.

- Тие тргнаа навистина бавно. Тие доцнат и тоа значи дека треба да направат повеќе. А тоа го зголемува ризикот од рецесија. Мислам дека рецесија е многу веројатна и ќе бидам многу, многу изненаден ако избегнат рецесија - посјаснува Дадли.

Добрата вест е дека Дадли се обложува дека секоја претстојна рецесија ќе биде „блага“ во однос на длабочината на падот бидејќи билансите на корпоративните и домаќинствата се во пристојна форма.

Тој сепак предупреди дека континуираната висока инфлација значи дека ФЕД можеби нема да може брзо да дојде на помош со намалувања на каматните стапки насочени кон намалување на падот.

- Тоа би можело да трае подолго, бидејќи може да биде дека ФЕД не може премногу брзо да ги намали сопирачките - рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување