Добила на лото, па си го испрала ливчето од 43 милиони евра
Објавено во: Свет, Стил 24 Јануари, 2016
Кратко траеше среќата на една жена од англискиот град Вустр, која несакајќи го испрала во машина нејзиното добитно ливче на лото.
Ливчето било вредно 33 милиони Фунти или над 43,4 мнл. евра, пишува весникот “Вустр њуз”.
Англичанка го открила билетот во џебот на веќе испрани фармерки. На него се виделе среќните броеви – 26, 27, 46, 47, 52 и 58, како и годината на тиражот – 2016 година. Недостасуваат сепак датумот серискиот број и баркод.
Жената го исушила билетот со фен и отишла на местото од каде што го била купила. Таму и објасниле дека без баркод скенирање на билетот е невозможна и продажбата, како и профитот не може да бидат потврден.
Англичанката потоа испратила писмо до компанијата на лотаријата „Камелот”, во кое објаснила што и се случило, а во моментов чека одговор.