26 Април, 2024
0.0272

Добивката на Комерцијална банка намалена за 64,5%

Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Во првите девет месеци од годинава, Комерцијална банка има нето добивка од 4,3 милиони евра. Банката оствари позитивен финансиски резултат но сепак добивката  во споредба со истиот период минатата година е намалена за 64,5%. Компаниите во изминативе девет месеци се потешко ги враќале земените кредити од што придонело до влошување на квалитетот на кредитното портфолио.  “ Во услови на рецесија и голема неизвесност до кога ќе трае, економските субјекти почнаа да се однесуваат многу попретпазливо во однос на своето трошење. Истовремено, проблемот со неликвидноста на компаниите се изостри до крајни граници, проблем чие што постоење го потврди и самата Влада, презентирајќи план за негово надминување“, пишува во неревидираниот финансиски извештај на Комерцијална банка објавен на македонската берза. Лошите пласмани сериозно се одразиле врз финансиските резултати. Во првите девет месеци од годинава, загубите поради оштетување на средства кај дадени кредити и вложувања достигнале сума од 20,9 милиони евра што во однос на истиот период лани е зголемување од 86,5%.  “Ова е резултат на продолжување на лошите состојби кај корпоративните клиенти“, наведуваат од банката. Нето приходите од камата изнесуваат 34,4 милиони евра, што е зголемување  за 10,1%  во однос на истиот период минатата година. Ова е резултат на  поголема динамика на пораст на приходите од камата во однос на расходите од камата. Банката забележала и раст на нето приходите од провизии и надоместоци кои во првите девет месеци од годинава изнесуваат 11,1 милиони евра и во однос на состојбата од истиот период минатата година бележат зголемување за 6,4%,. Вкупните административни трошоци и амортизацијата изнесуваат 16,5 милиони евра и имаат благо намалување за о,1 % споредено со минатата година.   Комерцијална банка – неревидиран финансиски извештај (во милиони евра)
  • Нето добивка                                                                                                                                                 4,3
  • загубите поради оштетување кај дадени кредити и вложувања                  20,9 
  • Нето приходите од камата                                                                                                              34,4 
  • приходите од провизии и надоместоци                                                                               11,1
  • административни трошоци и амортизацијата                                                             16,5 
    Наташа СТОЈАНОВСКА

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат