26 Април, 2024
0.0290

Добивката на „Охридска банка“ во третиот квартал како „Афричка слива“!

За 90 дена профитот на банката пораснал за речиси 3 милиони евра. На крајот на септември добивката на банката е за 65 отсто поголема од добивката книжена на крајот на јуни, годинава, а за 15 отсто повеќе од крајот на септември лани

Објавено во: Финансии 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

„Охридска банка“ има извонреден трет квартал годинава , покажуваат официјалните податоци од неревидираниот биланс на успех што го објави банката на сајтот на Македонската берза. Добивката на крајот на септември достигна износ од 425 милиони денари (околу 7 милиони евра) и во споредба со крајот на јуни бележи феноменален раст од 170 милиони денари (безмалку 3 милиони евра) односно феноменални 65 отсто! Во споредба со истиот период лани (крајот на септември 2015 година) банката книжи раст на добивката за 17 отсто односно 55 милиони денари. 

Во што е тајната на успехот?

Од она што може да се види од достапните податоци во билансот на успех за периодот јули-септември се гледа дека феноменалниот раст е микс на низок раст за расходи и резервации и солиден раст за нето приходи од камати, провизии, курсни разлики, а при тоа ниту една ставката не прави драстична разлика во споредба со износите за првите шесет месеци годинава. Нето приходите од продажба кои се најзначајна ставка растат за 286 милиони денари што е само 10 милиони денари раст во односн на просекот по квартал за првите две тромесечја оваа година. 

Кај резервациите кои се многу значајна расходна ставка забележливо е дека тие растат поблаго и со помал интензитет од просекот за првите два квартали. Така во периодот јули-септември резервациите за кредитните пласмани на банката пораснале 40,8 милиони денари, а просекот за тромесечје за првиот и за вториот квартал е 63,8 милиони денари што покажува дека по овој основ банката имала понизок трошок за 23 милиони денари. Сума сумариум соодносот за периодот јули-септември е следниот: нето приходи од камати, провизии и курсни разлики е 383,3 наспрема расход за резервации, вработени, амортизација и останати трошоци кој изнесува 211,7 милиони денари. Резултат е добивка за кварталот кој стигнува до 170 милиони денари.

Профитот расте зашто третина денар трошок за камата лани сега станува четврт денар трошок за камата!

Бруто приходите од камати, најважната ставка, во првите девет месеци достигнала 1,14 милијарди денари при што трошоците за камати на банката биле помалку од 300 милиони денари. Соодносот е на 1 денар приходи од камати соодветствува една четвртина денари расход за камати. Во 2015 година Бруто приходот од камати на крајот на септември бил 1,1 милијарди денари, а расходот за камати бил 364,4 милиони денари. Од ова произлегува дека на секој 1 денар приходи од камати банката одвојувала третина денар. 

Ова значи дека банката во услови кога реално ги зголемила своите бруто приходи, сепак поуспешно успеала да ги намали своите расходи: односно тоа што лани го плаќала како една третина денар за секој денар приход од камати сега успеала да го спушти на една четвртина денар трошок за камата за секој денар бруто приход од камата! Тука е клучот на раст на профитот на банката.  

Еве ги на кратко и клучните податоци за првите девет месеци годинава: нето приходи од камати се 838,6 милиони денари, нето приходите од провизии се 195,9 милиони денари. Резервациите се 168,3 милиони денари, добивката е 425 милиони денари. 


Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат