Добра вест за Германците - ќе земаат повисоки плати
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020
Германците ќе добиваат повисоки плати.
Ќе се зголемува платата во јавниот сектор во земјата.
Владата постигна договор со синдикатите во јавниот сектор за платите, што опфаќа скоро 2,3 милиони работници во локалната и федералната администрација.
Договорено е најниските плати да се зголемат 4,5 проценти, а највисоките 3,2, изјави синдикатот „Верди“.
Договорот, кој предвидува еднократен бонус до 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари лица, истекува на крајот на 2022 година.
Европската централна банка (ЕЦБ) внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија за тие потенцијално да не ја загрозат планираната инфлација.
Економијата во земјата која беше во длабока рецесија, сега се враќа во нормала.