ДОБРО БРЕ ЛУЃЕ, ДАЛИ СЕ СЕДНУВА ВО ВОЗИЛО СО НАД 4 ПРОМИЛИ? - стружанец со опел астра фатен мортус пијан
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2022
Бадијала контроли и строги казни, бадијала одземени дозволи. Нашите граѓани не можат да се научат да не возат мортус пијани.
Денеска е фатен стриужанец со над 4 промили алкохол во крвта.
Што е најинтересно, човекот толку многу успеал да се среди среде бел ден.
„Денеска (26.12.2022) во 13.34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б. бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4,07 промили на алкохол. Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.