26 Април, 2024
0.0289

ДОЦЕВСКА: Узурпаторите на Уставот и законите треба да се казнат и да ги снема од политичкиот живот

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Узурпаторите на Уставот и законите треба да се казнат и да ги снема од политичкиот и јавниот живот, вели адвокатката и претседател на Здружението Јустиција, Оливера Доцевска за Фактор,  коментирајќи ги состојбите во државата.

Фактор: Како ќе ги искоментирате сите случувања во Македонија од 27 април кога имаше насилства во Собранието?

Случувањата од 27-ми aприл 2017 година ќе ги искоментирам на следниот начин:Сè ме потсетува на она – Кралот е мртов да живее Кралот, или во превод Режимот е мртов, да живее режимот. По се што се случи се чувствувам дека повторно сум разбудена во режим. Ги осудувам насилието кое се случи во Парламент на Република Македонија, како физичкото врз пратениците,така  и психичкото врз граѓаните. Шарената револуција, граѓаните, па дури и членовите на партиите од опозицијата не протестираа пак режимот и фашизмот од ДУИ да биде во власт ниту пак за ист начин и методи на владење дури и полошо на СДСМ. 

Протестираа за мир, правда и владеење на право како и казнување на криминалот и корупцијата која го соголи македонскиот граѓанин.Ова што се случува не е правда, силување е. Воедно, во последно време постои некоја прикриена тенденција Македонците да се претстават како фашисти што е невистина, или пак сите Албанци да се прогласуваат за територијални претензионисти. Тоа не е точно,ги има, ама се малку и можеме лесно да се справиме со нив ако сакаме, односно ако не дозволиме 100 лица, од позиција на моќ, да малтретираат 2 милиони.

Најточно е само дека, насилството треба да се осуди, насилниците  да се казнат, а исто така треба конечно да се признае, осудат и казнат оние кои учествуваа во 26 години разградување на македонската држава. Имено, најбезобразно  е да ги распродадеш и соучествуваш во распродажба и уништување на најголемите капацитети на државата, да си безобразно богат, а потеклото на имотот да не ти е стекнато со генерации работа ида не ти се знае потекло на имот, а да се продаваш за херој и праведник, да изигруваш патриот ако сето погоре си го правел, а најтирански е да користиш национализам и етнички прашања, и да уништуваш туѓи животи и судбини во корист на гласачки ливчиња и лов во матно, да не говориме за територијални претензии за иста цел…

За насилниците и тепачите треба да следува казна. Насилство врз живот и тело е тежок криминал, живот и морален и физички интегритет е неприкосновено право и не треба да се прости на никој кој ќе ги наруши, без оглед на вера и етничка припадност. Но,  исто така, да не заборавиме, дека  неприкосновено право е секое право од Уставот на Република Македонија, кои досегашните владеjaчки политички структури  им го ускратија на граѓаните 26 години и ги доведоа до гол живот на вода и леб, некогаш ни леб. Ова е исто насилство врз живот, психа, здравје, достоинство, морален интегритет  и тело на милиони. Како тој злостор да се казни, ова кoнтинуирано  и продолжено кривично дело над милиони?Има ли поголем фашизам? Ќе им порачам на граѓаните(од било која вера и етничка припадност) на Република Македонија, дека само владеење на правото, правдата, меѓународното право за човекови права и стриктно држење за овие основи може да не извади од калтта во која сме. 

Нема и не смее да има релативизација, како што  не смее да има ни одмаздништво. Ние сме семејство, а семејството е најсилно и ги совладува сите пречки само со сплотеност, со поддршка, со чување на грб едниот на другиот.Тоа во овој миг во Македонија не го гледам, но само сегрегација, разочарување, мака и јад, страв од утре и од можна војна. Потребна ни е поинаква визија,  нов  пат, нов правец, во кој со радост ќе тргнеме од она кое ни е заедничко на сите, а не она кое не раздвојува.Како што ќе рече во своја изјава на 1-ви Мај 2017, Зеид Раад Ал Хuсеин, Високиот Кoмесар за човекови права на Обединети нации, бројни Влади низ светот одговараат на насилство , нарушувајќи ги стандардите за човекови права и самите.Тоа не смееме повеќе да го дозволиме.

Фактор: До кои институции досега сте реагирале за поставувањето на албанското знаме во кабинетот на новиот спикер Талат  Џафери?

Што се однесува до поставувањето на албанското знаме, односно знаме на туѓа соседна држава  во кабинетот на Претседател на Собрание на Република Македонија  реагирав многу пати на социјалните мрежи, како и два пати писмено до Делегација на Европска унија во Република Македонија. Прв пат реагирав истиот ден 03.05.2017 година кога фотографиите од Кабинет на Претседател на Собрание на Република Македонија се појавија во македонските медиуми, а втор пат на 08.05.2017, на официјална е-маил адреса на Делегација на Европска унија во Република Македонија.

Бидејќи индиции за она кое се случува сега, имаше многу одамна, уште на 06.03.2016 година, Јустиција и Оливера Доцевска поднесе до Претседателот на Република Македонија,  Иницијатива за потпишување на мораториум од 20 години за градење и поставување на етнички верски објекти и симболи и за етнички прашања од сите политички и верски субјекти  кои имаат најголемо влијание и по структура и по приврзаници, како и од други заинтересирани субјекти, како и за формирање на техничка влада која ќе организира избори, составена од 1/3 претставници на политички партии, 1/3 составена од експерти и 1/3 составена од претставници на граѓански организации, на ист принцип. 

Оваa иницијатива повторно, по една година,  на 24.04.2017 година беше испратена по електронски пат до повеќе од 10 медиуми, меѓународни организации како Делегација на ЕУ во МК,  ОБСЕ, ОХЦХР и други, од причини што од безброј дезинформации , посебно на социјалните мрежи, не знаеме веќе што е вистина, во тек се кривични постапки од големо значење за расчистување со криминалот во државата, а во исто време се појавуваат етнички провокации и немири, како  и Платформи на странски држави . 

Постојано е присутен говор на омраза, од сите страни се поттикнува и разгорува омраза и нетрпеливост, се градат верски храмови, обележја, споменици, се поставуваат симболи, понекогаш со непочитување на ниту една законска одредба, Устав и меѓународното право, а тоа  не како чин на почит, верба, надеж и утеха, но како акти и дејанија кои предизвикуваат раздор, омраза и нетрпение и чувство на одбивност помеѓу граѓаните и граѓанките на Република Македонија, помеѓу себе и општо кон таквите објекти. Ние во Јустиција и лично, веруваме дека најнапред е потребно, да го решиме криминалот, пописот, корупцијата, и економските прашања, да дојдеме во состојба  на мир, слобода, правда и благосостојба, па потоа со ладна глава да седнеме да разговараме за сè што не мачи.

Фактор: Очекувате ли некаква реакција од надлежните каде се обративте?

ОДГОВОР НЕ ДОБИВМE, од никој, дури ни во форма на потврда на прием на е-маил и не очекуваме, бидејки не одговараат. Можеме да се надеваме само дека премолчено ќе прифатат било која од предлозите кои се засновани на владеење на правото и правдата. Тука ќе направам споредба со нашиот правосуден и управен систем. 

Долги години, слепилото и глувоста, замолчувањето со сила, на релевантни докази и факти е метод за нефер и неправични одлуки и неправда. Истото се случува сега со нашата Правда за која се боревме повеќе години,за која пекавме и страдавме. Ги потсетуваме граѓаните на Република Македонија дека Талат Џафери и неговата партија ДУИ  беа дел од режимот на Груевски, кој е окарактеризиран како фашистички и кој владееше 12 години, и одеднаш режимот и фашизмот на Талат Џафери и ДУИ, веќе не е режим, се амнестираа сите злосторства и се претворија во власт, повторно како носители на државни позиции?

Во таа насока, дејствувањето на Талат Џафери по однос на знамето, како и изјавите  на Талат Џафери дека ќе го растегне по своја сопствена воља Уставот и Законот па ќе се обрати на албански јазик од говорница на Парламент на Република Македонија, е во ист манир и се повреда на  начелото дека кругот на твоето право, не смее да навлезе во кругот на моето право, повреда на темелните начела од чл.8 на Уставот на РМ како владење на правото, поделба на законодавна извршна и судска власт, почитување на општо прифатени норми на меѓународно право. Талат Џафери се постави со позиција на- ќе правам што сакам- , па ја превзеде улогата и на суверен – народот и на законодавец и  извршна власт и на судска власт).  

Државните симболи и знаме, се знае кои се,  а согласно член 5 од Уставот се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Не се сеќавам дека таква процедура имало? Во врска пак со  член 11 од Уставот на Република Македонија според кој моралниот интегритет на човекот е неприкосновен и забрането е секој облик на понижувачко однесување,   Талат Џафери со своето однесување, го понижи македонското население од било која вера и етникум. Конечно со повреда на сите горе наведни одредби од Уставот,  Талат Џафери, и ДУИ, ако останат на досегашните позиции и  не се повлечат  го повредуваат  и чл. 20 од Уставот на Република Македонија(Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.).

Ваквиот начин на однесување на Талат Џафери и ДУИ  беше и е насилен и авторитарен. Идеологијата на фашизмот е дека теророт е легитимно средство за постигнување на „заедништво“, а фашизмот знаеме дека е авторитарна идеологија.

Целосно авторитарно, Талат Џафери,  своите намери да продолжи со истиот начин на однесување јасно ги искажа и гипотврдина интервју на ТВ 24. Постојат целосно елементи и основано сомнение за инфлагранти кривично дело  поттикнување на омраза и нетрпеливост помеѓу граѓаните и граѓанките на Република Македонија, и  злоупотреба на службена положба и овластување, за кои се одзема имунитет.

Талат Џафери треба да се осуди од сите релевантни чинители, за чинот  на поставување на знаме на туѓа соседна држава во Република Македонија во Кабинет на Претседател на Република Македонија, да се извини на граѓаните на Република Македонија и да даде оставка на функцијата (ако воопшто и ја има). Ако дозволиме ваков начин на практикување на власт на самиот почеток, убедена сум дека не нè чека ништо порано од она кое го имавме претходно од 2006 - 2017. 

Претседател на Собрание на Република Македонија  е надпартиска и надполитичка функција, а Талат Џафери ако веќе некој  го третира како претставник, треба  да биде слуга на граѓаните на Република Македонија, каде службен јазик на Република Македонија е македонскиот јазик, а во институции на државно нивоможе да стои само македонско државно знаме кое нè обединува сите. Јазик и знаме на малцинства се употребува на точно одредени места и тоа во единици на локална самоуправа.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот