26 Април, 2024
0.0271

Дочекајте ја зимата во сопствен стан во Маврово

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Со доаѓање на зимата и новогодишните празници, сите сонуваме да сме некаде подалеку од градскиот метеж, од загадениот воздух и сивилото на асфалтот, мечтаеме да имаме барем неколку дена во мир, да се одмориме, да собереме енергија и да се ослободиме од стресот што ни го носат обврските.Без разлика дали сте љубител на зимско рекреативните спортови, прошетките на чист воздух во една совршена зимска идила, или пак едноставно сакате да седите во вашиот дом и да имате неверојатен поглед на снежните планини, синото езеро и сите убавини што ги нуди природата, совршено место за вас е еден од најубавите македонски предели, Маврово.

Еднаш во неколку месеци решаваме да одвоиме од буџетот за да резервираме во некој од хотелите еден викенд, a потоа ќе чекаме можност да го направиме тоа повторно. Зошто да бидеме ограничени на само неколку дена во годината, зошто да се грижиме дали ќе има слободно место во хотелот, какво ќе биде сместувањето, дали ќе биде  скапо, кога можеме со мала инвестиција да имаме наше мало прибежиште, наш сопствен дом каде ќе можеме да отидеме кога и да посакаме.

Сега таа желба може да ви биде исполнета.Имате одлична можност по цена од  650 евра до 830 евра за м2, да купите еден од 105-те апартмани, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар, вселиви во месец декември. 

Она кое ја прави оваа понуда неодолива е убавината на Маврово преку целата година, самата местоположба на објектот кој е на само 150 метри од ски лифтот кој води до ски терените и бачилото. Распослан на надморска височина од 1300 метри комплексот нуди исклучителнo планинскo доживување, а домувањето го претвора во идилична комоција.

Апартманите во комплексот се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со високо квалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел. Становите се со различна квадратура: стан од 33м2, стан од 35м2, стан од 40 м2, стан од 49 м2 и стан од 52 м2.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk , фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/, или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“