Додека траел силниот земјотрес жена се породувала во болница
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2020
Во болницата во Сисак жена се породувала кога се случил силниот земјотрес, при што бебето е повредено.
Бебето сега е во инкубатор. Штетите на болницата предизвикани од земјотресот се огромни: Целата единица за интерна медицина, Одделот за интензивна нега, хирургија, гинекологија, се срушени, а останува само новата зграда.
„Сите пациенти ги преместуваме во новата зграда. Поголемиот дел од урнатиот дел веќе не е за употреба“, вели директорот Томислав Дујменовиќ.
Пациентите ќе бидат пренесени и во други болници, а некои ќе бидат пренесени со хеликоптери, јавуваат хрватските медиуми. Денеска во Хрватска имаше земјотрес од 6.3 степени, при што загина едно девојче. Регионот се солидаризира. Македонија ќе помогне со 100.000 евра.