14 Мај, 2024
0.0250

Доделени дипломи за завршени студии на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти кои ги завршија студиите на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, во саботата свечено им беа доделени дипломите.

Церемонијата беше одржана во Концертната сала во Солун, а наградите ги додели заменик Канцеларот на Универзитетот Шефилд, професор Сер Кит Бурнет, придружуван од професорите и академските колеги.

094c61b6-193d-4edd-8fc4-8bc337a0d326

За време на церемонијата, шест истакнати алумни беа наградени со „Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања: Панче Кралев, Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком (Дојче Телеком Групација) од Скопје, Мирела Аркимандрити, Извршен директор, Центар на родова алијанса за развој, Албанија, Сања Милаковиќ Колунџија, Директор, Адвертајзинг агенција Executive Group, Србија, Катерина Сиампани, Гешталт психотерапевт и тренер, Грција, Висар Келеменди, Главен извршен директор, Ругове L.L.C., Косово, Грациела Константин, Претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка, Романија.

ff061430-c664-43d0-8412-3b79bd200c9b (1)

Освен дипломците и нивните пријатели, на церемонијата присуствуваа и претставници на властите и на организации од Грција и соседните земји, како и истакнати личности од академската фела, бизнисот и политиката, кои ќе ги почестат присутните со своето присуство.