14 Мај, 2024
0.0648

Догодина ќе се градат две фотоволтаични електрани во Осломеј: Има заинтересирани компании

Објавено во: Економија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Повеќе од 40 компании од земјата, регионот и од светот имаат првичен интерес за јавно приватно партнерство и изградба на две фотоволтаични електрани во Осломеј, соопшти Електрани на Северна Македонија. Толку компании учествувале на он лајн состанокот кој се одржал како замена на планираната посета на самата локација која потенцијалните инвеститори немаа можност да ја остварат на терен поради рестрикциите од ковид пандемијата.

ЕСМ ќе биде партнер во име на државата во изградбата на електраните, а во проектот е вклучен консултантот AF-Consult. На компаниите им биле обезбедени снимки од локациите направени со дрон, презентација од стручни лица, како и можност за поставување прашања во врска со тендерската процедура. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди до 28 октомври, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Изградбата на електраните се очекува да почне во 2021 година.

„За ЈПП ФЕ Осломеј заинтересирани се голем број реномирани компании, од кои дел веќе учествувале во вакви проекти во регионот и од тие причини очекуваме успешен избор на економски оператор за овој значаен проект во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија. АД ЕСМ  ги вложува сите напори да ја продолжи реализацијата на инвестициските проекти и покрај потешкотиите на кои се наидува во услови на ограничувања наметнати од ковид кризата, и при тоа ги користи сите алатки и алтернативни мерки кои стојат на располагање и кои овозможуваат безбедност на сите вклучени во процесот, стои во соопштението од ЕСМ.

Двете фотоволтаични електрани ќе бидат со инсталирана моќност од 80-100МW,  ќе бидат лоцирани врз стариот исцрпен рудник за јаглен во термоелектраната Осломеј, Кичево и според договорот, приватниот партнер ќе треба да преземе 100 вработени од термоелектраната Осломеј.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција