Договор вреден 16 милијарди долари: Зошто шеикот купува нови авиони „Airbus A380“?
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2018
„Emirates“ една од најголемите светски авиокомпании, склопи договор за набавка на дополнителни 36 авиони „Airbus A380“.
Како што соопштиле од „Emirates“ договорот со Airbus е вреден 16 милијарди американски долари.
Новите испораки на „Airbus Emirates“ ќе тргнат во 2020 година.
Договорот е потпишан вчера во Дубаи, а го потпишале шеикот Мохамед бим Рашид Ал Мактоум, шефот на „Emirates“ и лидерот на Дубаи, како и потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати, i Џон Лихи, еден од челниците на „Airbus Commercial Aircraft“.
„Emirates“ сега има флота од 101 авион А380, додека уште 41 такви авиони се во процес на испорака.
Откако ќе ја збогатат флотата со уште 36 нови ербаси, „Emirates“ ќе имаат вкупно 178 авиони А380, вредни вкупно 60 милијарди долари.
Партнерството на „Emirates“ и „Airbus“, се истакнува во соопштението, трае со децении, а „Emirates“ е најголем оператор на авиони Airbus A380 во светот.
Благодарение на порачките, „Airbus“, ќе го продолжи производството на авиони А380 најмалку уште десет години-рекле од компанијата.