Дојде Трамп и ги избриша „климатските промени“ и „ЛГБТ правата“
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Доналд Трамп не помина ни 24 часа во Белата куќа, а на новата веб страница на американскиот претседател се воведени голем број на промени. Освен, што е поставена новата агенда на претседателот Трамп, избришани се значајни содржини кои беа во фокусот на претходната администрација како што се прашањата за климатските промени и за ЛГБТ правата.
Овие рубрики се заменети со „Првиот енергетски план на Америка“, „Првата надворешна политика на Америка“ и „Се залагаме за спроведување на законот“.
- Пред само неколку моменти претседателот Трамп се заколна дека ќе им служи на сите Американци, додека истовремено ги избриша се што споменува ЛГБТ заедница. Делот на веб страните за правата на работниците исто така исчезна, изјави претседателот на Кампањата за човекови права, Чед Грифин.
На страницата веќе може да се најде првата петиција, со која се бара веднаш да се објават даночните пријави на Доналд Трамп. Таа веќе има повеќе од 42 000 потписи, но се отстранети петициите кои беа доставувани до Обама и тие се архивирани.