ДОЈРАНЧАНКАТА ДОБРИЛА ИВАНОВСКА ЧАБРИЌ ПРОСЛАВИ 94 ГОДИНИ - еве какво изненадување доби за роденденот
Објавено во: Стил 04 Февруари, 2022
Сигурно се сеќавате на дојранчанката Добрила - македонската супер бабичка на која сите ѝ симнуват капа!
Пејачката Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран, пред неколку години, односно на нејзини 90 години стана победник на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“ во Белград. Тогаш го освои целиот регион со својот ведар дух, поради кој никој не ѝ веруваше дека има толку години.
Жената која е вистински доказ дека годините се само бројка, изминатиов месец го прослави својот 94-ти роденден.
Имено, нејзин голем обожавател од Скопје, Тони Димевски, кој е роден во ист ден со Добрила ѝ приредил изненадување и заедничка прослава за роденденот. Тони пак е татко на Дамјан Димевски кој моментално се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“, кој полека но сигурно го освојува Балканот со неговиот глас.
Таа беше омилена меѓу жирито и публиката додека беше дел од шоуто „Никогаш не е доцна“.