18 Мај, 2024
0.6757

Доказ за посветеност кон вработените: „Аџибадем Систина“ доби награда за најпосакуван работодавец меѓу приватните болници

Објавено во: Македонија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја доби наградата за најпосакуван работодавец во категоријата приватни болници, која ја додели Вработување.ком. Оваа интернет-страница за пребарување на работни места ја организира манифестацијата за најпосакувани работодавци, одбележувајќи со тоа 20 години од основањето, а награди добија компании што биле најпривлечни за вработување во текот на минатата година во повеќе категории.

Наградата за најпосакуван работодавец за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е уште една потврда дека станува збор за здравствена установа што е препознаена меѓу пациентите, но и кај вработените. Болницата нуди врвни здравствени услуги според највисоки стандарди. Во „Аџибадем Систина“ работат над 1100 вработени. Станува збор за стручен медицински и немедицински персонал, кој во болницата добива можност да работи во одлични услови и да се доусовршува.

Во име на болницата наградата ја примија Елиф Акан – заменик главен извршен директор на „Аџибадем Систина“ и Марија Капетановска – директор за човечки ресурси.

Изборот за наградата е направен врз база на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции на овие компании, како и анкетите спроведени на сајтот на Вработување.ком за испитување на јавното мислење.

Оваа награда „Аџибадем Систина“ ја добива во година во која слави 13 години постоење. Толку време зад овој бренд стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот. Довербата ја поттикнуваат над 150 000 хируршки интервенции, 1 400 000 прегледи, повеќе од милион задоволни пациенти од земјава и регионот.

Во болницата работи тим од над 200 лекари специјалисти и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.

ПР-Објава

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци