Докиќ: Топлото време ја преполни Клиниката за пулмологија
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2023
Директорот Дејан Докиќ во изјава за Канал 5 вели дека Клиника за пулмологија и алергологија е преполнета од пациенти заболени од грип, а како главна причќина за тоа го наведува невообичаено топлото време за јануари.
Според Докиќ, и покрај тоа што е сезона, дополнителен проблем се релативно високите температури на почетокот од годинава.
Тој вели топлото време влијае така што дополнително го олеснува патот на вирусот до својот домаќин. - Тоа ги зголемува рецепторите и овозможуваат полесно да навлезат вирусите што предизвикува поголем број на случаи на грип, наведе Докиќ.
Директорот дополни дека од 12 јануари поради големиот број на пациенти, воведен е втор дежурен лекар.
За поголема заштита, препорачува да се носат Н95 заштитни маски.