04 Мај, 2024
0.0309

Доларот поевтини во однос на сите основни валути

Објавено во: Анализа 02 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Откако го достигна највисокото ниво во последниот месец, еврото продолжи да се движи со осцилации. Подобри од очекуваните извештаи за инфлацијата во ноември во еврозоната ја намалија загриженоста околу дефлација за валутниот блок. Британската фунта се искачи на највисоко ниво во последните 27 месеци во однос на доларот во текот на петокот откако Банката на Англија во четвртокот соопшти дека ќе ги намали стимулациите на пазарот на недвижен имот во Велика Британија, која сигнализираше значителни закрепнувања на економијата. Цените на фјучерсите на американските акции опаднале во текот на петокот во прилично плитко тргување откако во четвртокот не се работеше заради прославата на Денот на благодарноста. Цената на златото по прв пат во последните три дена опаднала со што е зголемен најголемиот месечен пад од јуни поради шпекулацијата дека Фед ке го намалат монетарното стимулирање. Цената на суровата нафта расте втор ден по ред откако произвотствените податоци во Кина ги надминаа очекувањата што сигнализираше дека вториот по големина потрошувач на нафта успеа да одржи економски раст. Целата анализа прочитајте ја на следниот линк

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад