30 Април, 2024
0.0272

Доларот продолжува да поевтинува пред очекуваните податоци за денес

Објавено во: Анализа 27 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Полоши од очекуваните податоци за потрошувачата клима во Америка го ослабија доларот и ја зголемија веројатноста дека федералните резерви ќе продолжат со програмата на монетарно олеснување која имаше позитивен ефект врз валутниот пар EUR/USD. И британската фунта продолжи да се зголемува во однос на доларот и повторно се приближи на највисоко ниво во последните десет месеци откако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека потрошувачката клима во Америка не ги исполни очекувањата. Цените на американските акции вчерашниот ден го затвориле скоро непроменети откако биле објавени разочарувачки податоци за потрошувачката клима во Америка. Цената на златото малку се опоравила во текот на азиското тргување по вчерашниот пад, поддржана од очекувањата за раст на побарувачката како резултат на престојните празници. Цената на суровата нафта продолжи да паѓа откако вчерашниот извештај повторно покажа раст на залихите во Америка. Целата анализа прочитајте ја на следниот линк