26 Април, 2024
0.0333

Долга и тензична ноќ во собрание, ќе заседава СДСМ, министрите на итна Владина седница!

Објавено во: Економија 23 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Пратениците од опозицијата ќе спијат во Собранието, министрите пак во Владата на седница, дебатираат за Буџетот.Следува тензична ноќ, но уште понеизвесно утре со оглед  дека колку што СДСМ е решена да го спречи носењето на Буџетот, толку ВМРО-ДПМНЕ е решена да го донесе.  Наташа Стојановска Пратениците од опозицијата, ноќта ќе ја минат во собраниските канцеларии, а утре ќе го блокираат влезот во салата во која се одржуваат пленарните седници во Собранието, во обид да ја спречат власта да го донесе Буџетот, со како што велат, нелегитимен и незаконски начин, спротивно и на Деловник и на Уставот. Во собранието се присутни повеќемина пратеници на СДСМ, кои се решени да преспијат таму, опремени со храна и вода. Во меѓувреме, Централниот одбор на СДСМ во проширен состав има итна седница во седиштето на партијата, но, засега нема информација што дополнително ќе одлучуваат. Во истовреме додека опозицијата се координира какви мерки ќе превземе за  да го спречи носењето на Буџетот, власта  пак превезема чекори Буџетот да биде навреме донесен. Додека едните се екипираат во Собранието, другите се екипирани во Владата.

Се спрема владина седница за Буџетот з 2013 година

Според информациите на Фактор, министрите, на седница во Владата, наскоро ќе почнат да го разгледуваат Буџетот.  Буџетот, судејќи според изјавите на власта дека ќе биде донесен до крајот на годинава, најверојатно утре, кога е и последен ден за тоа, ќе се најде на пленарна седница. Но, засега од владата не ја потврдуваат ваквата информација.

Тензична ноќ, неизвесно утре      Со оглед дека засега двете страни стојат цврсто на своите ставови, по неуспешните обиди да најдат заеднички јазик, тогаш веќе е јасно дека ова ќе биде долга и непреспиена ноќ, но и уште понеизвесно утре, бидејќи исто колку што СДСМ е решена да го спречи носењето на Буџетот, исто толку и ВМРО -ДПМНЕ  е решена да го донесе Буџетот за следната година во законски предвидените рокови. Ситуацијата од ден на ден станува се повеќе тензична, а ваквиот разој на настаните следуваше откако денеска пратениците од опозицијата не успејаа да ја одржат Комисијата за финансирање и буџет иако тврдат дека била регуларно закажана. Собраниската сала во која требаше да се одржи комисијата беше заклучена а службите од обезбедувањето не дозволија движење на новинарите со образложение дека во Собранието денеска нема закажана комисија. Во Парламентот не се појавија ниту пратениците од владејачката ВМРО –ДПМНЕ, бидејќи велат е неработен ден а Комисија за финансирање и буџет немало закажано.  

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто