ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат
Објавено во: Свет 27 Март, 2024
Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе се соочуваат со хроничен глад.
Во новиот извештај на Обединетите нации, стои дека во 2022 година, околу 19 отсто од храната произведена на глобално ниво, или околу 1,05 милијарди метрички тони, ќе биде залудно потрошена во светот.
Извештајот од 2021 година проценува дека 17 отсто од храната произведена на глобално ниво во 2019 година, или 931 милион метрички тони, била залудно потрошена.
Истражувачите анализирале податоци за домаќинствата, угостителските објекти и трговците на мало. Секој човек троши околу 79 килограми храна годишно, што е еднакво на најмалку една милијарда оброци фрлени ширум светот секој ден. Најмногу храна се фрла во домаќинствата – 60 отсто, потоа околу 28 отсто во објектите во кои се служи храна или ресторани, а околу 12 отсто фрлаат трговците.