17 Мај, 2024
0.0262

За прв пат во историјата: Домашни банки ја „спасуваат“ Македонија со 135 милиони евра

Објавено во: Финансии 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија за прв пат во својата унитарна историја со одлука на Владата ќе се задолжи кај домашните комерцијални банки за околу 135 милиони евра, односно 8.172.500.000 денари кај шест кредитори за да врати заем чиј рок истекува на почетокот од следната година.

Ова е прв пат земјата да се задолжува на ваков начин, покрај традиционалните кредити од меѓународните финансиски институции, еврообврзниците и издавањето на записи откако во 1993 при формирањето на националниот монетарен систем се задолжи од Народната банка.

Станува збор за договор за краткорочен кредит за отплата/рефинансирање на дел од долгорочен кредит во износ од 155 милиони евра (втора рата од PBG заем склучен во 2013 година) кој доспева за плаќање на 29 јануари следната година.

Според износите, најголемото задолжување ќе биде кај Комерцијална банка во износ од 3.690.000.000 денари, Стопанска банка Скопје е на второто место со сума од 1.845.000.000 денари, а потоа следуваат НЛБ банка со 1.100.000.000 денари, Охридска банка со 615.000.000 денари, Халк банка со истата сума од 615.000.000 денари и Шпаркасе банка со 307.500.000 денари. 

Според договорот кој го склучува Министерството за финансии и во име на земјата ќе го потпише министерката за финансии Нина Ангеловска, кредитите ќе се користат под фиксна каматна стапка која изнесува 0,7 отсто на годишно ниво и еднократна провизија за водење на кредитен аранжман во износ од 0,2 проценти од вкупниот износ на кредитот. 

Рокот на отплата ќе биде до 28 декември 2020 година и ќе биде еднократно отплатен на самиот ден на доспевање на кредитот.  Кредитот, според одлуката, ќе се отплаќа со средства од државниот буџет.

Министерката за финансии Нина Ангеловска при презентацијата на предлог-буџетот за 2020 година најави дека следната година ќе следува фискална консолидација и отплати на големи долгови земени во блиското минато. Според министерката, стабилноста на кредитниот рејтинг кај инвеститорите овозможува ниски каматни стапки.

„Стабилноста на долг рок подразбира државата да биде подготвена за навремено враќање на големите и скапи кредити кои беа земени во минатото, а кои треба да се вратат со буџетот за 2020 година и како и во наредните буџетски години. Во овој контекст треба да се имаат во предвид 2020 и 2021 година кога за враќање доспеваат околу 835 милиони евра само по основ на само три големи претходни задолжувања (втора рата од PBG заем од 2013 година во износ од 155 милиони евра, евро-обврзница од 500 милиони евра издадена во 2014 година и остаток од еврообврзница од 180 милиони евра издадена во 2015 година). На овој износ треба да се додадат и останатите отплати на долгови на домашен и странски пазар“, истакна Ангеловска. 

Нето-задолжувањето, односно разликата меѓу новото задолжување и отплата на стари долгови во 2020 година ќе изнесува 19,7 милијарди денари (12,3 милијарди денари нето-домашно задолжување преку државни хартии од вредност и 7,4 милијарди денари нето-надворешно задолжување). Со овие средства, ќе се покрие буџетскиот дефицит од 17,4 милијарди денари, а на сметка ќе се акумулираат 1,1 милијарди денари како депозит.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!