27 Април, 2024
0.0301

ДОМИ КОМПЛЕТ– Продукт од Еуролинк осигурување што ви овозможува безгрижност секој ден

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

ДОМИ Комплет е продукт за осигурување на домот од Еуролинк осигурување што овозможува целосна заштита на градбата, покуќнината и опремата во домот. Создаден да обезбеди функционалности комфор на домот наспрема непредвидливите  ризиците како што се пожар, кражба, поплава по кои може да дојде до голема или целосна загуба, ДОМИ Комплет го заштитува животното вложување во домот и обезбедува безгрижност секој ден. Покрај обезбедувањето од ризици, ДОМИ Комплет обезбедува заштита од одговорност кон трети лица, на пример при штети во домот што се пренесуваат кај соседите.

„Во случаите кога има штета во домот, особено кога се тоа целосно оштетени домови, сведоци сме дека семејствата доаѓаат во положба да бараат помош од соседи, пријатели, од институциите, затоа што се наоѓаат во безизлезна ситуација. Со ДОМИ Комплет ние им овозможуваме на граѓаните да не се најдат никогаш во ваква ситуација. Со полисата за станбено осигурување, компанијата е таа што презема одговорност и обезбедува конкретна финансиска помош за санирање на последиците“, велат од Еуролинк осигурување.

Токму од овие причини, осигурувањето на домот е практика во развиените земји, каде што и до 95% од сопствениците на домови се осигурени, а во просек 1 од 20 осигурени домови има некакво побарување поради штета во текот на годината. Најчести причини за оштетно побарување се пожар или оштетување на имотот поради кражба. Кај нас, иако од година во година свеста за неопходноста од осигурување на домот расте, сè уште само околу 10% од сите станбени објекти се осигурени.

Новина кај полисите ДОМИ Комплет е можноста за склучување 3-годишен договор за лојалност. Со ова со една полиса, граѓаните си обезбедуваат осигурување за своите домови без да се грижат за роковите и истекување на осигурителното покритие. Полисата за ДОМИ Комплет е достапна со бенефицирана цена од 1200,00 денари за првата година доколку се осигури и автомобил од задолжителна автоодговорност. Цената од 1200,00 денари за првата година е достапна за сите три пакети Стандард, Комфор и Мега и за сите квадратури, со што се овозможува значителна заштеда за граѓаните што ќе се одлучат да склучат ваков вид пакет за лојалност.

Еуролинк осигурување ги повикуваат сите граѓани да се информираат за придобивките од осигурување на домот, да ја заштитат својата најголема инвестиција навреме и да си обезбедат безгрижност. Повеќе информации се достапни на: http://eurol.ink/DOMI.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“