Доналд Трамп ги обвини комичарите кои го исмеваат дека се платеници
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2016
Претседателскиот кандидат Доналд Трамп чија кампања е во голема криза реши да се пресмета со комичарите на шоуто „Во сабота во живо“ кои постојано го исмеваат и прават големи пародии за неговите скандали.
„Време е SNL да прекине, и така е досадно и несмешно шоу. Пародијата на Алек Болдвин смрди, медиумот ги мести изборите“ обвини Трамп преку Твитер.
Медиумските аналитичари се шокирани што еден американски политичар се дрзна да ги критикува комичарите со тоа што ја нарушува слободата на изразувањето.
Уште полошо е што SNL постојано ја исмева и Хилари Клинтон и останатите политичари со сериозна политичка сатира која е здрава за секое општество, особено за САД кои се сметаат за лулка на демократијата.
Погледнете го спорниот скеч на SNL поради кој Доналд Трамп плаче по американските медиуми.