26 Април, 2024
0.0265

Доналд Трамп изигра многу филмски улоги, сега ја има улогата на својот живот

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Со изборот за претседател на САД Доналд Трамп ја доби улогата на својот живот. Настапите на големиот и малиот екран, меѓутоа, не се странски за новоизбраниот шеф на државата, пишува во „Дејли експрес“.

Трамп имаше улоги во голем број филмски и телевизиски продукции и дури освоил некое одликување. Или поточно антинаграда - „Златна малинка“ за улогата на самиот себе.

Од катастрофалното докажување во фантазиската комедија „Привиденијата не го прават“(1989) со Бо Дерек до учества заедно до холивудски ѕвезди од рангот на Вил Смит и Сандра Булок, Доналд Трамп има богато филмско и телевизиско искуство.

Новиот претседател на САД е човекот кој се ориентира за насоката на изгубениот Меколи Калкин во хит серијата „Сам дома 2: Изгубени во Њујорк“(1992). Останува прашањето какви насоки ќе го следат државникот во следните четири години.

Трамп се прослави и во друштво на ликовите од комедијата „Зулендер“(2001). Во вообичаената улога на самиот себе, бизнисменот кој упатува пофалба кон главниот лик - супермодел во сликата каде го глуми Бен Стилер. „Без Дерек Зулендер светот на мажите модели немаше да биде таков каков што е денес“, вели Трамп.

Во романтичната комедија „Рок за вљубување“ Доналд Трамп повторно се игра самиот себе во сцена во која се спречкува со Џорџ Вејд (Хју Грант) на забава, малку пред главниот лик да се заљуби во Луси Келсон (Сандра Булок).

Трамп снимал во два филма со Упи Голдберг, која се закани дека ќе ја напушти земјата, ако тој биде избран за претседател на САД - „Сопругот“ и „Еди“, како и во комедијата „Малите разбојници“ (1994).

Телевизиските настапи на Доналд Трамп вклучуваат камео улоги во „Сексот и градот“со Сара Џесика Паркер, „Шоуто на Дру Кери“, „Радосна Сузан“со Брук Шилдс, „Принцот од Бел Ер“ со Вил Смит, „Лекомислен град“ со Мајкл Џеј Фокс и Чарли Шин, „Елизабет“ со Елизабет Харли.

Сега Доналд Трамп повторно ќе се игра себеси во најголемото шоу на планетата. Како ќе се справи со улогата само времето ќе покаже.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек