19 Мај, 2024
0.0308

Донев за уставните измени: Македонија има желба да стане членка на ЕУ, треба да ги почитува принципите врз кои се темели Унијата

Објавено во: Македонија 07 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Бугарскиот технички премиер Галаб Донев вели дека Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија. 

Кажа дека уставните измени и носење други закони, секоја држава треба да ги решава во согласност со внатрешната практика. 

„Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес“, изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за бТВ.

Како што пренесе БТА, тој потсети дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што кажа, ќе им бидат гарантирани нивните права. Според Донев, оваа обврска не е само кон Бугарија, туку кон сите земји членки на ЕУ.

„Затоа што Република Северна Македонија, потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ, го потпиша тој договор со сите земји членки“, рече Донев.

На прашањето дали Бугарија треба да стави повторно вето на Македонија за членство во ЕУ, Донев рече дека тоа не е најправилното решение, туку треба да се бара дијалог. 

„Бидејќи Република Северна Македонија има желба да стане членка на ЕУ, треба да ги почитува принципите врз кои се темели Унијата“, изјави Донев.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вчера на брифинг за новинари појаснил дека „процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Северна Македонија“, но, притоа нагласил дека „Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Северна Македонија“.

Претходно, Милков рече дека сакаат да се вклучат во процесот на уставните измени. Од македонското Министерство за надворешни работи(МНР) рекоа дека тоа не е возможно за странски граѓани и институции, затоа што тоа е внатрешно прашање на Македонија. Македонскиот претседател Стево Пендаровски реагираше дека барањето е скандалозно. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт