17 Јануари, 2017
0.4635
    ALK 5400    0%     BESK 10899.54    1.82%     CEVI 800    6.67%     FERS 43000    2.38%     GRNT 609.56    0.01%     KMB 3000.49    0.44%     MPT 28694.5    1.35%     OKTA 2400    0%     PPIV 34900    1.2%     REPL 43000    0%     RMDEN15 94    0%     RZUS 98.88    5.19%     SBT 1300    0%     STB 876.6    1.91%     STIL 88.94    3.42%     TEL 256    -1.54%     TPLF 1050    -2.92%     TRPS 1500    0%     TTK 721    3%     UNI 1040    0%     VITA 8960    -0.44%     ZPKO 2500    0%

Дополнителни субвенции за лозарите, кога ќе ги добијат?

Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2016

По изборите, лозарите ќе добијат дополнителни субвенции, изјави денеска градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Се работи за вонредна поддршка по штетите што ги претрпеа лозарите изминатата сезона.

„Поради несериозниот однос на дел од винарниците, на некои од производителите им скапа грозјето или им остана несобрано иако во мал процент, додека други мораа да го складираат и во домашни услови од него да прават ракија. Имајќи го сето тоа предвид, сметав дека во мојот ангажман пред владините институции, главно  требаше да биде обезбедувањето на дополнителни субвенции за лозарите. Мислам дека средствата се обезбедени, но веројатно поради периодот во кој се наоѓаме, исплатата не може да се одвива сега“ - рече  Панов.

Тој не даде конкретен одговор колку ќе изнесува помошта по хектар. 

Панов зборувајќи за изминатата гроздоберска сезона, објасни дека не сите винарски визби ја искористија можноста  за субвенционирање која им беше понудена  од Владата. 

Можеби ќе ве интересира

Студот ништо не им може на есенските посеви под снег

Студот ништо не им може на есенските посеви под снег

Органското земјоделско производство, приоритет на семејните фарми

Органското земјоделско производство, приоритет на семејните фарми