16 Мај, 2024
0.0432

Дошол од печалба за празниците дома, загина за секунда: Судбина на загинатиот во експлозијата на бензинска пумпа

Објавено во: Балкан 24 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Се врати од привремена работа од Словачка за во родното село да ги помине празниците со најблиските, но наместо тоа замина во смрт.

Потресни се сведоштвата на роднините на загинатиот 49 годишен човек по име Зоран Аврамовиќ кој го загуби животот во експлозијата на бензинската станица која се случи во Лозница, на српско-босанската граница.

- Зоран го преминал мостот кај Шепка за да наполни гориво и го стори тоа на првата бензинска пумпа веднаш штом го премина граничниот премин од босанската страна. Наместо да се врати назад, виде нешто како чади и се упати кон друга пумпа. Луѓето бегаа од тој правец, а тој дојде да види што е, можеби мислеше дека може да помогне, кој знае. Воглавно тој излегол од автомобилот и се прошетал нешто повеќе од дваесет метри кога се случила експлозијата и му немаше. Да останеше да седи во својата кола немаше да му се случи ништо, само стаклото на автомобилот ќе му пукнеше, ништо повеќе. Тој беше кај мене вчеравчера, кој можеше да претпостави што ќе се случи. Судбина, каква ли и да е, оди во Босна за гориво и не се враќа дома. Страшно, еден таков млад човек замина - рече чичко на трагично настраданиот Аврамовиќ.


Видеото од грозоморната експлозија на бензинска пумпа во близина на граничниот премин најдобро го илустрира обемот на катастрофата што го погоди овој дел од БиХ.

Снимките од надзорната камера го прикажуваат влијанието на експлозијата што опфаќа неколку возила што минувале на бензинската пумпа и покрај протекувањето на бензинот.

Пумпата на која се случи експлозијата е скоро срамнета до земја. Уништени се возила во непосредна близина и е направена голема штета на околните објекти. Десетина куќи во близина на пумпата завршија со искршени прозорци, а некои имаат скршени врати.


Сè уште не е јасно како точно се случила несреќата. Она што е сигурно е дека едно возило го погодило диспензерот за гас, кој потоа почнал да протекува. Она што не е јасно е дали автомобилот го удрил апаратот по несреќата или на паркираното возило му пуштила сопирачката.

Експлозијата го повреди и Владимир Нишиќ, кој за медиумите опиша како изгледал моментот на ужас.

- Бев на поминување , и видов како протекува бензин. Пред мене имаше уште еден автомобил, веројатно дошло до судир. Во времето на поминување експлодираше и не знам ништо повеќе. Беше многу стравично - рекол видно вознемирен, со гребнатини по лицето Нишиќ.


Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот